Министерот Сугаревски во посета на Чешиново-Облешево

Министерот за транспорт и врски г-н Горан Сугаревски денес беше во посета на општина Чешиново-Облешево , каде што лично присуствуваше на градежните активности за реализирање на проектот „Изградба на пречистителна станица со изградба на дел од фекална канализациона мрежа за село Спанчево“ . Проектот финансиски е поддржан од Министерството за транспорт и врски преку Европска Инвестициона Банка.
Реализирањето на овој проект е од особено значење за жителите на с.Спанчево а со него е предвидено да се изгради фекалната канализациона мрежа со вкупна должина од 2677метри и пречистителна станица кој е од контејнерски тип. 
За реализирање на проектот обезбедени се вкупно 23.411,639,00 денари.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *