Инфо ден за спроведување и користење на ИПАРД Програмата

Денес во просториите на општина Чешиново-Облешево во организација на Секторот за управување со ИПАРД фондови при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа Инфо ден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020 .
Презентирани беа ИПАРД можностите за македонските рурални средини и тоа Мерките вклучени во ИПАРД Програмата 2014 – 2020 :
– Мерка 1 – примарно земјоделско производство
– Мерка 3 – преработка на земјоделски производи
– Мерка 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси
Посебен акцент беше ставен на Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства . На презентацијата присутните имаа можност да се запознаат со Постапката за користење на средствата од ИПАРД програмата и потребната документација за аплицирање а со примери на успешни реализирани проекти од претходните јавни повици имаа можност да се запознаат и со можностите кои им ги нуди ИПАРД Програмата.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *