Изградба на улица „Стојан Јакимов “ во с. Теранци

Во општина Чешиново-Облешево во с.Теранци во завршна фаза се градежните активности за изградба на улица и крак од улицата „Стојан Јакимов“.
Општината средства ги обезбеди преку Јавниот повик за користење на ЕУ ИПА грант објавен од Министерството за финансии наменет за рурална инфраструктура . Со изградба опфатена е улицата „Стојан Јакимов “ со должина од 224 метри и кракот на улицата со должина од 138метри кои ќе бидат поплочени со бекатон со дебелини од 8см .
Изградбата на улиците е од особено значење за жителите на ова населено место бидејки со нивна изградба се обезбедува подобар пристап за околу 25 домаќинства од ова населено место.
Вкупната вредност за изградба изнесува 2.199.393,00денари (без ДДВ).
Фирма изведувач на градежните активности е „Турбоинженеринг“ Скопје .

 

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *