Добредојде од градоначалникот до новите првачиња

Во двете основни училишта во општина Чешиново-Облешево ООУ „Страшо Пинџур“ – Соколарци и ООУ „Климент Охридски“ Облешево заедно со подрачните училишта од општината започна новата учебна 2018-2019 година.
Градоначалникот Горанчо Крстев денес ги посети сите образовни установи , ги поздрави сите ученици со што им посака многу успеси во понатамошното образование а воедно на првачињата им врачи и пригодни подароци.
На првачињата им посака да се радуваат на овој ден бидејќи денес започнува една нова фаза од нивниот живот, каде ќе се стекнат со многу знаења и вештини во текот на образовниот процес кој ќе им овозможи да се развиваат и изградат како индивидуи а со самото тоа ќе си овозможат и подобра иднина бидејќи образованието е чекор кој успехот.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *