Втора фаза од изградбата на патен правец Теранци-Кучичино

Во општина Чешиново-Облешево , Градежна механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од деновиве започна со изградба на втората фаза на патниот правец Теранци-Кучичино која е дел од Регионалниот пат Виница –Штип.
Должината на овој патен правец изнесува 3 километри , и во моментот се одвиваат градежни работи за порамнување и проширување на теренот и по завршувањето на подготвителните активности ке се пристапи и кон следната фаза за асфалтирање на теренот.
Овој патен правец е дел од регионалниот пат кој ги поврзува општините Чешиново-Облешево, Зрновци и Карбинци.
Изградбата на овој пат е од огромно значење за жителите на нашата општина. Со него ќе се намали сообраќајот кој се одвива по магистралниот пат А3 а воедно ќе се скратат и изминатите километри до соседните општини – изјави Градоначалникот Горанчо Крстев.
Делницата Теранци – Кучичино е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија за изградба на регионалната делница во истокот која ке ги поврзува општините Штип, Карбинци, Чешиново Облешево, Зрновци и Виница. По завршувањето на изградбата на оваа делница Истокот ќе добие комплетно нов алтернативен регионален пат Виница –Штип.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *