Бесплатен летен одмор за најдобрите ученици

За прв пат оваа година со средства издвоени од Буџетот на локалната самоуправа, најдобрите дваесет ученици од ООУ„Климент Охридски“ и ООУ„Страшо Пинџур “ од општина Чешиново-Облешево ќе заминат на летен одмор во Дојран .
Денес, во просториите на Општина Чешиново-Облешево, градоначалникот Костадин Личков, одржа прием за најдобрите ученици и првенците на генерацијата од основните училишта на територијата на локалната самоуправа. Станува збор за учениците кои се покажале на многу држави натпревари и со својот успех придонесоа за афирмација на општината .
Градоначалникот Личков ги пофали учениците за постигнатиот успех, истакнувајќи дека само со вложен труд во себе, упорност и со постојано учење можат да напредуваат во животот, и им посака многу успех во понатамошното учењето.
Оваа активност се спроведува со цел за поголема мотивираност кај учениците за постигање на многу успеси во учењето.

13524477_563245577212715_2114353808968743559_n (1)

13445675_563245747212698_7075164279505817932_n 13445766_563245737212699_776733488012986282_n 13466128_563245927212680_1883091224598117742_n 13494944_563245493879390_937946949686248326_n 13516153_563245933879346_7992232022725957534_n  13528819_563245447212728_5991747439550103543_n 13528887_563245877212685_978537763241696827_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *