Трибина во склоп на кампањата „Промоција на мали бизниси“
Денес, 18.12.2015 година во салата за состаноци во Општина Чешиново-Облешево се одржа трибина во склоп на кампањата „Промоција на мали бизниси – да одгледуваме повеќе пченка со можност за наводнување преку системот капка по капка“. На трибината беа претставени можностите и бенефитите од одгледувањето на оваа земјоделска култура а воедно беа и претставени мерките за повисоки приноси и поквалитетна пченка. Беше разгледан и системот „капка-по-капка“ кој овозможува зголемување на приносите и профитот.