Санирање на банкините на патниот правец Чешиново-Соколарци
Деновиве градежната механизација на „Дебони“ Кочани започна со санирање и тампонирање на банкините на локалниот пат Чешиново-Соколарци . По завршување на жетвените активности , банкините на овој патен правец беа значително оштетени што предизвикуваше отежнато разминување на возилата.
Со овој зафат ќе се изврши тампонирање на дупките на банкините во должина од 2,5 километри а на местата каде што е потребно ќе се изврши и проширување на патот.