Потпорен ѕид на Ободниот канал во Спанчево(2-ра фаза)

Општина Чешиново-Облешево започна со Изработка на потпорен ѕид над Ободниот канал во с. Спанчево (2-ра фаза). Ободниот канал во с. Спанчево се наоѓа во непосредна близина на училиштето. Потпорниот ѕид ќе биде изграден со должина од 40метри и висина од 2 метри. Средствата потребни за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Чешиново-Облешево. Вкупната вредност на проектот изнесува 244.050,00 денари (без ДДВ).

На Јавното отварање кое се одржа на 13.01.2016 год., во 12.00 часот во општина Чешиново- Облешево , беше избрана Фирма изведувач на работите , односно 2-рата фаза од потпорен ѕид на Ободниот канал во с.Спанчево ќе биде изведена од „Прима Градба “ ДООЕЛ Штип.

На Почетокот на 2015 година беше реализирана првата фаза за изработка на потпорен ѕид, односно беше изграден ѕид со должина од 30метри и висина од 2 метри.Фирма изведувач на работите исто така беше “Примаградба“ од Штип.

12705168_514648918739048_182636066886060066_n 12715815_514649242072349_2078881289272304154_n 12717379_514649262072347_8547030586063298461_n 12728917_514648902072383_5040757132067889623_n 12733616_514649158739024_2340641203827288747_n 12734225_514649075405699_3869169720475247503_n 12745796_514648908739049_2096941122313216555_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *