Одбележана 111-годишнината од смртта на Никола Карев
Денес, 24.04.2016 година, кај месноста Свиланово, с.Рајчани на свечен начин беше одбележана 111-годишнината од смртта на Никола Карев. На свеченоста присуствуваа многубројни граѓани од нашата општина, општина Кочани претставници од Крушево и многу други грѓански здруженија како и членовите на мото-клубот „Никола Карев“ од Чешиново-Облешево. Цвеќе положија градоначалниците на општините Чешиново-Облешево, Кочани,и Крушево , пратениците Иван Иванов и Никола Мицевски , претставници од структурите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, претставници од делегацијата од Крушево, членовите од Здружението „Тодор Александров“ и многу други. Учениците од ОУ „Никола Карев“ Кочани одржаа литературно читање на творби посветени на делото на Никола Карев. За сите учесници организиран беше заеднички ручек во манастирот Св. „Пантелејмон“ во с.Пантелеј.