„Информативен центар за превенција“ во општина Чешиново-Облешево

Во просториите на општина Чешиново –Облешево секој работен вторник со почеток од 09:00 до 15:00 часот ќе работи службено лице на МВР Кочани . Овој вид на Информативен центар на МВР Кочани ќе функционира како советодавно тело за превенција .
Со отварањето на ваков вид на канцеларија – советодавно тело , Локалната самоуправа им излегува во пресрет на потребите на жителите од општината .
На жителите од општина Чешиново-Облешево преку дирекни средби со службеното лице на МВР Кочани ќе им биде овозможено да решаваат превентивни проектни активности, решавање на конфликтни ситуации – локални проблеми на локално ниво, како и други активности кои ќе произлезат од соработката со заедницата и нејзините потреби и барања.

11215799_491872974349976_1391955001756402502_n 12321140_491873121016628_1634226294728780681_n 12342476_491873034349970_4028840554858289684_n 12346445_491873047683302_7861446109714449639_n 12359961_491872977683309_8033633045664541341_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *