Започна изградбата на патниот правец Бурилчево-Аргулица

Благодарение на Владата на РМ и на Агенцијата за државни патишта деновиве започната е изградба на патниот правец Бурилчево-Аргулица. Изградбата на овој пат ќе овозможи поврзување на општина Чешиново-Облешево со општина Карбинци. Овој патен правец во должина од 3,5 километри е од големо значење за жителите кои гравитираат кон двете општини и во меѓусебна соoбраќајна комуникација скратуваат 25 километри. Изградбата на овој пат беше најавена уште во мај 2014 кога започна изградбата на патот Видовиште –Теранци кој општина Чешиново-Облешево ја поврзува со соседната општина Зрновци. По изградбата на патот Видовиште –Теранци сега се работи на поврзување на Чешиново-Облешево со Карбинци а по неговото комплетно завршување во кус рок се очекува да се продолжи и со изградба на патот Теранци-Бурилчево. Со нивно комплетно завршување трите општини Зрновци, Чешиново-Облешево и Карбинци ќе добијат нова собраќајна делница кој ќе ги поврзува со Штип.

12974508_534030663467540_828086254936939703_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *