Започна изградбата на канализационата мрежа во с.Чифлик
По извршеното воведување во работите за изградба на канализационен систем за отпадни води во населено место Чифлик , денес механизација на фирмата изведувач на работите „Сандра инженеринг“ ДООЕЛ – Скопје започна со градежните активности.
Примарната канализациона мрежа е со должина од 4690 метри. Примарната мрежа е со профил од 200-315 мм. Колекторот е со должина од 628 метри и истиот е со профил од 500 мм. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 16.423.830,00 денари. Сретствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Со изградбата на канализационата мрежа ќе се реши еден од долгогодишните проблеми на жителите од с.Чифлик.