Системот е достапен на следниот линк https://www.e-urbanizam.mk/
Системот за електронски постапки за урбанистички планови има за цел да го олесни процесот за донесување на постапки за урбанистички планови. Неговата цел е пред се да обезбеди брза и лесна комуникација помеѓу засегнатите страни во целиот тек на донесувањето на постапката. На тој начин се обезбедува ефикасно исполнување на барањата на сите корисници на системот како и транспарентност во целиот процес на донесување на плановите, преку увид во секоја фаза и чекор од нивното процесирање. Со помош на овој систем добиваме преглед на започнатите постапки, нивната историја на движење во текот на целата постапка како и на историјата на промени. Во зависност од улогата во која е најавен корисникот, постои можност за преглед на мислењата кои се дадени за дадена постапка од страна на избрана надворешна институција, како и преглед на процесот за донесување на стратегиска оцена.
Постапки:
Детален урбанистички план (ДУП)
Генерален урбанистички план (ГУП)
Урбанистички план за село (УПС)
Урбанистички план вон населено место (УПВНМ)
Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД)
Државно урбанистичка планска документација (ДУПД)
Урбанистичка планска документација за туристички развојни зони (ТРЗ)
Урбанистичка планска документација за автокамп (АК)
Проект за инфраструктура (ПИ)
Урбанистичка планска документација за Регулациски план (РП)
Архитектонско-урбанистички проект (АУП)
Општ акт (ОА)
Градби од посебен интерес (ГПИ)
Процес за техничка исправка (ТИ)
Постапка за извод од просторен план (ИПП)