Градоначалникот на терен во посета на градежните активности
Градоначалникот Костадин Личков денес беше на терен за да види до каде се градежните активности кои се одвиваат на територијата на Општина Чешиново-Облешево. Тој најпрво беше во посета на с.Чифлик каде во тек се активности за изградба на фекална каланизација. Потоа го посети повеќенаменското игралиште во Облешево каде се одвиваа активности за негово асфалтирање.