Активности за чистење на речните корита
Општина Чешиново-Облешево во соработка со АД Водостопанство „Брегалница“ поради почетокот на наводнителната сезона започна со активности за чистење на речните корита и каналите. Градоначалникот Костадин Личков заедно со директорот на „Водостопанство“, Николчо Гоцев, беа на терен за да погледнат одблиску како течат активностите. Се очекува во најбрз можен рок да се заврши со чистењето и да се овозможи непречен проток на водата.