Увид на градeжните работи за изградба на фотоволтаични системи

Градоначалникот Горанчо Крстев денес изврши увид на градeжните работи за изградба на фотоволтаични системи каде моментално се поставуваат на кровната конструкција на ОУ„Страшо Пинџур“ во село Соколарци и на Подрачно училиште во Спанчево.
„Одлучивме системите за добивање струја од сончевата енергија да бидат поставени на три јавни објекти односно на општинската административна зграда , како и на основните училишта во селата Соколарци и Спанчево. Со нивно поставување очекуваме да постигнеме значителна заштеда на трошоците за електрична енергија, но и да добиеме позитивни еколошки ефекти, со оглед што за затоплување на училишните објекти се користи огревно дрво“, истакна градоначалникот Крстев. 
Панелите се монтираат на кровните конструкции на три јавни објекти а според стручни процени тие треба да донесат заштеда во потрoшувачката на струја од постојниот систем за околу 50 отсто.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *