Тековни активности за изградба на Еко-етно парк во Чешиново
Фирмата изведувач на градежните активности „Бау Инженеринг “ ДООЕЛ Штип“ деновиве интензивно работи на изградба на Еко-етно парк во село Чешиново. Паркот ќе биде опремен со урбана опрема, инфо куќи, набљудувачница за птици, и друга придружна опрема што на некој начин би го прославила штркот како главно обележје на општината. Ваков тип на парк моментално се гради и во село Соколарци. Преоект е вреден десет милиони денари, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка за зачувување на природата која е главниот финансиер на проектот а кофинансиер со издвоени средства од 950.000,00 денари е општината Чешиново-Облешево.


