Соопштение за организирање на ЈП и ЈА по ЛУПД за мала пречистителна станица за отпадни води во с.Кучичино

Posted By on June 28, 2016

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15 и 31/16), Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево го издава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по

Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) со намена Е3 – некомпатибилна инфраструктура, мала пречистителна станица за отпадни води во с.Кучичино, КП бр. 1870 и КП бр. 1871, м.в „Долна Лака“, КО Кучичино, општина Чешиново-Облешево. 

Граници на опфатот се:

  • исток – граничи со дел од некатегоризиран локален пат;
  • запад – граничи со дел од КП бр. 1888, КП бр. 1885 и дел од КП бр. 1884;
  • север – граничи со КП бр. 1869/1 и дел од КП бр. 1869/2;
  • југ – граничи со КП бр. 1872

Опфатот е со површина од 5031 м2.

Јавната анкета и јавната презентација по Нацрт Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) со намена Е3 – некомпатибилна инфраструктура, мала пречистителна станица за отпадни води во с.Кучичино, КП бр. 1870 и КП бр. 1871, м.в „Долна Лака“, КО Кучичино, општина Чешиново-Облешево,  ќе се спроведе со излагање на нацрт планот во просториите на Општина Чешиново-Облешево.

Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.07.2016 година во 11:00 часот во просториите на Општина Чешиново-Облешево.

ГРАДОНАЧАЛНИК

 Костадин Личков

Нацрт ЛУПД

Анкетен лист за ЈП и ЈА

Соопштение за ЈП и ЈА

Lupd precistitelna naslovna

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *