Продолжува изградбата на патниот правец Бурилчево-Аргулица

Posted By on October 4, 2016

Во текот на изминатиот период во општина Чешиново-Облешево се работеше на изградба на патниот правец Бурилчево-Аргулица. Деновиве започната е втората фаза од неговата изградба и се одвиваат подготвителни активности на теренот, односно по завршување на тампонирањето ќе се пристапи и кон негово асфалтирање и комплетно завршување на овој патен правец.
Овој патен правец е во должина од 3,5 километри и ќе овозможи поврзување на општина Чешиново-Облешево со општина Карбинци. Изградбата на овој пат е од големо значење за жителите кои гравитираат кон двете општини и во меѓусебна соoбраќајна комуникација скратуваат 25 километри за поврзување со општина Штип. Со комплетно завршување на изградбата на овој пат жителите на Чешиново-Облешево ќе добијат нова сообраќајна делница кој ќе ги поврзува со општина Карбинци и општина Штип.

14462897_605448906325715_5873482157582794425_n 14479555_605449192992353_9057670388714868315_n 14484796_605449186325687_4664575291544861703_n 14520609_605448912992381_263860881685361187_n 14523014_605452342992038_7361005277126278987_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *