Прием на крводарители и делегација од Црвен крст – Кочани

По повод 17-ти март , Денот на формирање на Црвен крст на РМ и Денот на крводарителството во Република Македонија, беше остварен прием кај градоначалникот на делегација од крводарители и волонтери на Општинаската организација на Црвен крст –Кочани.
Целта на оваа активност е да се нагласи значајната улуга на крводарителите во опшеството кои преку дарување на крв освен што спасуваат човечки животи оставаат и позитивни примери за хуманост и солидарност .
Во рамки на средбата беше разговарано и за организирање на едукативни предавања се со цел за подигање на свеста кај населението за дарување на крв.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *