Прв училишен ден за децата од прво одделение

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстев денес ги посети основните и подрачните училишта од „Климент Охридски“ Облешево и “Страшо Пинџур“ Соколарци, по повод првиот училишен ден за децата од прво одделение. Градоначалникот ги поздрави сите ученици со што им посака многу здравје и успеси во понатамошното образование а воедно на првачињата им врачи подароци со училишен прибор. На првачињата им посака да се радуваат на овој ден бидејќи денес и покрај моменталната ситуација со Ковид 19 со посебни протоколи во наставата ќе започне една нова фаза од нивниот живот, каде ќе се стекнат со многу знаења во текот на образовниот процес кој ќе им овозможи да се развиваат и изградат како индивидуи а со самото тоа ќе си овозможат и подобра иднина бидејќи образованието е чекор кон успехот.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *