Помош од Општина Чешиново-Облешево за настраданите во поплавите

Posted By on August 10, 2016

Екипи од општина Чешиново –Облешево заедно со градоначалникот Костадин Личков и министерот Диме Спасов вчера и денес работат на санирање на штетите од поплавите во Скопје. Тие го расчистуваат теренот, помагаат во испумпување на водата и калта од домовите на настраданите.
Ние како Општина Чешиново-Облешево добро знаеме што значи да се биде зафатен од поплави, бидејќи неколкупати го почувствувавме тоа и затоа упатуваме апел до сите Хумани луѓе кои доброволно сакаат да помогнат во расчистување на штетите во поплавените подрачја дека утре 11.08.2016 ќе има организиран превоз со поаѓање од 07:00часот пред општинската зграда во Облешево .
Покрај тоа во општина Чешиново –Облешево веќе трет ден е отворен пункт каде граѓаните можат да донираат вода, средства за хигиена ,конзервирана храна и др. за настраданото население.

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ! ДА ПОМОГНЕМЕ!

13886920_582031838667422_5458565224827819046_n 13886973_582031722000767_3253769270649496929_n 13924883_582031675334105_2137685239619290271_n 13925268_582031865334086_2019154353171802520_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *