Подготвителни активности за изградба на пречистителна станица

Posted By on August 19, 2016

Во тек се подготвителните активности за изградба на пречистителна станица за отпадни води во близина на с.Кучичино. Механизацијата активно работи на терен и во моментот се изведуваат земјените работи, порамнувања и прилагодувања на теренот. Изведувач на проектот е ЕКО-ИНА од Хрватска. Активностите ги врши подизведувачот Алфа-Инженеринг од Радовиш. Изградбата на пречистителнаната станица е финансирана од Швајцарската амбасада преку Проектот за управување со речниот слив на река Брегалница. Вредноста на проектот изнесува 23.244.544 денари. Со оваа пречистителна станица ќе се овозможи третирање на отпадните води, со што ќе се намали загадувањето на водите на реката Брегалница.

viber image pr viber imagepr1 viber imagepr2 viber imagepr3 viber imagepr4 viber imagepr5 viber imagepr6

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *