Општина Чешиново-Облешево започна со селекција на пластичен отпад

Преку имплементација на проектот “Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени”, кој го имплементира Здруженеито „Еко Тим Исток“, општина Чешиново-Облешево стана првата општина во регионот која започна со собирање и селекција на пластичен отпад од земјоделството преку поставените садови за собирање на 5 локации и тоа на: локален пат Облешево-Чифлик, локален пат Облешево – Теранци, локален пат Чешиново – Спанчево, локален пат Спанчево – Соколарци и локален пат Облешево – Бања.Со ова општината, дава свој придонес во борба против климатските промени, преку едуцирана заедница со зголемена свест и ресурси за постигнување на чиста и здрава околина и општина. Oпштините имаат важна улога во борбата со климатските промени, а локалното население мора да учествува во носењето одлуки од оваа тема. Поставените садови за селекција, даваат одлична можност за покажување на дело од страна на земојделците, колку им значи да имаат чиста и здрава почва за производство на храна. Продолжуваме со редовно собирање од сите локации и механички третман на пластичниот отпад од земјоделството, преку нашиот партнер Екопроект-Ко ДОО Кочани. Проектот е дел од подгрантовата програма на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ кој го имплементираат Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *