Одржана работилница на тема „Жените, мирот и безбедноста“

Posted By on December 20, 2016

Комисијата за еднакви можности и координаторот при Општина Чешиново-Облешево како дел од проектот „Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба“, со финансиска подршка од Британската амбасада во Скопје, одржа работилница во насока на промовирање на „Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1325 за жени, мир и безбедност за единиците на локалната самоуправа и комисиите за еднакви можности“, на тема: „Жените, мирот и безбедноста“ во единиците на локалната самоуправа.
Предавачи на работилницата беа членовите на комисијата за еднакви можности при советот на Општина Чешиново-Облешево, Светлана Заова и Тина Петрова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *