Одбележување на Светската недела на детето

Posted By on October 7, 2016

На повод последниот ден од одбележувањето на Светската недела на детето, беше организиран прием за дечињата од градинките и првачињата кај градоначалникот Костадин Личков и претседателот на Советот Тина Петрова.
Првата недела во месецот е Детска недела, а првиот ден е Светски ден на детето и по тој повод детските градинки ,, Ѕвездички “ и „Кокиче“ како и првачињата од ОУ „Климент Охридски“ беа во посета кај градоначалникот.
При посетата на општината Чешиново-Облешево децата одблиску се запознаа со начинот на кој функционира локалната самоуправа.
Децата се интересираа за работните обврски на градоначалникот, колку трае работното време на вработените во општината и други интересни прашања.
Градоначалникот се обрати до децата посакувајќи им успешни училишни и безгрижни детски денови.

„Денес како градоначалник на општината но и како родител сакам да упатам една порака до вас. Вашето време поминувајте го во дружење, спортување и учење, бидејќи моќта е во знаењето. Сакајте ги своите родители, сакајте го своето семејство и почитувајте ги најблиските. Само така, вашите родители ќе бидат горди на вас, а покрај нив и ние како општина“.

14581352_606816139522325_4460372379062082334_n14470437_606815952855677_497025724450338699_n 14485061_606816746188931_7301644084136126838_n 14519688_606817476188858_2205127710683272135_n 14581429_606815932855679_7160312742633806371_n 14591799_606816016189004_3272603239842118822_n 14600881_606816132855659_6596510552287997940_n 14601110_606815789522360_82700105721641405_n 14606265_606816366188969_6841713478382304862_n 14606397_606816229522316_5698578970247561024_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *