Одбележан празникот на Општина Чешиново-Облешево 21 Септември (Мала Богородица)

Posted By on September 22, 2016

20160921_175121

Со богата културно-уметничка програма одбележан беше празникот на Општина Чешиново-Облешево (21 Септември – Мала Богородица). Активностите за одбележување започнаа во неделата кога се одржа моторџиско дефиле чиј старт беше во Облешево додека цел беше Пантелеј. Трасата на трката беше следната: Облешево, Чифлик, Чешиново, Спанчево, Пантелеј, Пониква, Јамиште, Злетово, Турско Рудари Пантелеј. На оваа трка продифилираа разни видиви на мотори, а домаќини беа членовите на мото-клубот „Никола Карев“ од Општина Чешиново-Облешево.

14332949_10205592302282023_8515289606106230665_n

Активностите за одбележување на празникот на Општината продолжија во вторникот со богата културно-уметничка програма во Чешиново. Во училиштето „Страшо Пинџур“ во Чешиново беше организирана работилница по повод празникот. На сцената во паркот свој настап имаше фолклорен ансамбл. Активностите беа заокружени со настап на македонската музичка ѕвезда Александар Тарабунов.

По повод празникот, а во соработка со Општина Чешиново-Облешево, организирана беше и крводарителска акција. Голем број граѓани на општината ја покажаа својата хуманост и даруваа крв која на некои многу им значи.

14344127_599732113564061_3745721747487807550_n 14344720_599731903564082_3259569805448874563_n 14368783_599732050230734_6264710519304550766_n 14441074_599731896897416_59131816261266391_n 14449719_599731883564084_6336387194481123578_n

Во средата (21.09.2016 година) во Облешево се одржа главната манифестација. Активностите започнаа со прием кај градоначалникот Костадин Личков и одржување на свечена седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево. Како и секоја година така и оваа, беше означен почетокот на жетвата со зажнејување во с.Чифлик. Во Облешево голем број на земјоделци присуствуваа на промоцијата на новите комбајни со Јапонска технологија на компанијата „Агровојводина“ која има свој продажен салон во Облешево. Повеќето земјоделци беа изненадени од придобивките кои ги нуди оваа нова технологија. Оризопроизводителството, како една од основните гранки на жителите во Чешиново-Облешево, може да напредува само со нови и современи машини и технологии кои ќе придонесат за побрза жетва, минимални загуби при собирање на зрната, економичност и ефикасност.

20160921_162302 20160921_162714

Вреди да се напомене фактот дека Општина Чешиново-Облешево веќе неколку години е во програмата на меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“. Така и оваа година по улиците на Облешево продефилираа голем број учесници од различни земји (Црна Гора, Украина, Монголија, Латвија, Косово и Метохија, Романија, Турција и Македонија). Сите тие ги претставија своите обичаи, култура и традиција. По нивното дефиле следуваше и нивен настап на сцената која беше поставена во паркот во с.Облешево. Голем број жители од Чешиново-Облешево како и од другите делови на регионот присуствуваа на овој несекојдневен настап. Прославата на празникот беше заокружена со настап на македонските музички ѕвезди Ефто Пупиновски и Даниела Темелковска.

Оваа година гости на празникот беа претставници од Општина Boldesti-Scaeni од Романија, која официјално од оваа година е збратимена со нашата општина. Градоначалникот Костадин Личков се заблагодари за остварената соработка со оваа општина и потенцираше дека во иднина се планираат повеќе активности за соработка на економски и културен план. Свое излагање имаше и Constantin Bucuroiu (градоначалник на Boldesti-Scaeni) кој исто така не го криеше задоволството од остварената соработка со нашата општина.

Уште многу години да го славиме празникот Мала Богордица, ден на Општина Чешиново-Облешево!

20160921_174548 20160921_174551 20160921_174636 20160921_174654 20160921_174734 20160921_174738 20160921_175042 20160921_175045 20160921_175049 20160921_175058 20160921_175121 20160921_175321 20160921_175332 20160921_180947

20160921_182816 20160921_182822 20160921_182956 20160921_183002 20160921_183011

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *