ОБЈАВА бр.1/2017 за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Чешиново-Облешево

ОБЈАВА бр.1/2017
За оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Чешиново-Облешево

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија предвидено во Локална урбанистичка планска документација за изградба на стопански комплекс на КП 123/1 и КП 124 кај м.в.Кривулица – Ѓерен, КО Облешево за стопански комплекс примарна и финална преработка на земјоделски производи, Урбанистички план вон населено место за стопански комплекс м.в.Св. Атанас КО Спанчево и  Архитектонско урбанистички проект за стопански комплекс за градежна парцела 1.14, на КП 1627/1 со класа на намена Е2-комунална супраструктура (објекти за производство на ел.енергија) во м.в „Св.Атанас“ КО Спанчево и КО Спанчево вон град Тех.бр. 22/2016,  Усвоен со потврда за заверка со бр.03-318/1  од 17.02.2017, согласно табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, основна класа на намена на градежната парцела, компактибилна класа на намена, катастарски парцели кои се опфатени со градежната парцела, вкупна површина на градежната парцела, површина на градба, бруто изградена површина, процент на изграденост, коефициент на искористеност, катност и максимална висина на венец, почетна цена утврдена по метар квадратен, вкупно почетна утврдена цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата за учество на јавно наддавање, за секоја градежна парцела поединечно.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице регистрирани во Централен регистар на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање по електонски пат на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk за секоја градежна парцела поединечно во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата (комплетирана со следните докази во скенирана форма за секоја градежна парцела посебно):

1.Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата и составни документи на истата;

2.Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 100% од вкупната почетна цена на градежното земјиште (за секоја градежна парцела поединечно), со рок на важност 05.09.2017 година со која понудувачот ќе гарантира дека доколку се стекне со статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена од електронското јавно наддавање во рок од 15 дена (петнаесет дена) од приемот на писменото известување за избор;

3.За физичките лица уверение за државјанство (не постаро од 6 (шест) месеци);

4.За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (не постаро од 6 (шест) месеци);

5.Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството на овластеното одговорно лице на правното лице;

6.Изјава со која подносителот ги прифаќа условите предвидени во објавата.

Електронските пријави кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

Во електронската пријава се наведуваат податоците за градежната парцела за која се пријавува кандидатот, податоци за подносителот на пријавата и податоци за банкарската гаранција за сериозност на понудата. Доколку предмет на објавата се повеќе градежни парцели, а учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се поднесува поединечна пријава за секоја градежна парцела со банкарска гаранција за секоја градежна парцела поединечно.

Подносителите на пријавите задолжително треба да имаат електронски дигитален сертификат (потпис) за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање и да учествуваат на истото.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели во Табеларниот преглед изнесува 61 денар по метар квадратен посебно за секоја градежна парцела со основна намена Г2 односно 130 денари по метар квадратен посебно за секоја градежна парцела со основна намена Е2.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата изнесува 100% од вкупната почетна цена на градежното земјиште предмет на јавно наддавање и истата е наведена во табеларниот преглед (за секоја градежна парцела поединечно)

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање потпишани со дигитален потпис, заедно со целокупната документација по електронски пат можат да се достават до 03.05.2017 година, на следната интернет адреса www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет адреса www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање за ГП 1.01 ќе започне на 05.05.2017 година во 10.00 часот и истото ќе трае 15 минути

Јавното наддавање за ГП 1.10 ќе започне на 05.05.2017 година во 10.30 часот и истото  ќе трае 15 минути

Јавното наддавање за ГП 1.11 ќе започне на 05.05.2017 година во 11.00 часот и истото  ќе трае 15 минути

Јавното наддавање за ГП 1.13 ќе започне на 05.05.2017 година во 11.30 часот и истото  ќе трае 15 минути

Јавното наддавање за ГП 1.14/1 ќе започне на 05.05.2017 година во 12.00 часот и истото  ќе трае 15 минути

Јавното наддавање за ГП 1.14/2 ќе започне на 05.05.2017 година во 12.30 часот и истото  ќе трае 15 минути

Јавното наддавање за ГП 1.14/3 ќе започне на 05.05.2017 година во 13.00 часот и истото  ќе трае 15 минути

Јавното наддавање за ГП 1.14/4 ќе започне на 05.05.2017 година во 13.30 часот и истото  ќе трае 15 минути

            ПОСТАПКА

            1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекот на рокот за поднесување на пријавите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

2.Подносителите на пријавите задолжително треба да имаат валиден електронски дигитален сертификат (потпис) за да можат да поднесат пријава за учество на истото.

3.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страницата со корисничко име и лозинка која ја добиле на е-маил адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање

4.Јавното наддавање ќе се одржи доколку по објавата аплицирал и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја наддаде почетната цена

5.Електронското  јавно наддавање го следи Комисија формирана од Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево

6.Јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето кое е предмет на објавата по метар квадратен а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците на наддавањето

7.Наддавањето се врши „чекорно“ и висината на минималниот чекор на зголемување на вредноста по метар квадратен на градежното земјиште изнесува 10% од минималната почетна цена по метар квадратен за оттуѓување на градежно земјиште, но не помалку од 10 денари

8.Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда

9.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач

10.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање

11.Комисијата е должна во рок од 3 (три) работни дена по завршување на постапката за јавно наддавање да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Македонија по однос на Нацрт-Текстот на Договорот за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ. Државното правобранителство на РМ е должно да достави Мислење по однос на Нацрт-Текстот на Договорот за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ во рок од 30 (триесет) дена од добивањето на барањето за мислење. Доколку во рокот од 30 (триесет) дена Државното правобранителство на РМ не достави мислење, ќе се смета за позитивно.

12.По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Македонија, комисијата во рок од 3 (три) работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач

13.Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на известување за избор на најповолен понудувач да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и трошоците на постапката во износ од 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозност на понудата и до Комисијата да достави доказ за извршена уплата и целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање (во оригинал или копија заверена на нотар)

14.Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, а не ја достави целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање, односно достави документација врз основа на која неможе да се склучи договор, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор

15.Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата согласно со постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок и не достави до Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање доказ за извршена уплата со целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање ќе се смета дека градежното земјиште не е оттуѓено, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор, и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела

16.Договорот за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија се склучува во електронска форма преку информацискиот систем

17.Договорот за оттуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија во име на Република Македонија го склучува Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево во рок од 5 (пет) работни денови по доставување на доказ за извршена уплата.

18.По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 15 (петнаесет) дена Договорот електронски го доставува кај надлежен нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 (триесет) дена од доставување на договорот кај надлежен нотар.

19.Кога градежното земјиште се отуѓува по пат на јавно наддавање купувачот е должен да прибави одобрение за градење на предвиденит објект од надлежниот орган во рок од 9 (девет) месеци од извршената солемнизација на договорот кадешто предмет на договорот е градежна парцела со површина од 5000 м2, односно во рок од 12 (дванаесет) месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5000 м2 и е должен земјиштето да го изгради согласно со урбанистичкиот план по кој истото е оттуѓено.

Кога градежното земјиште се оттуѓува по пат на јавно наддавање купувачот е должен да го изгради објектот во рок од две години од добивање на правосилно одобрение за градење на објекти со бруто изградена површина до 1000 м2 согласно добиеното одобрение за градење, односно во рок од 4 години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2, согласно со добиеното одобрение за градење.

Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30%. Доколку купувачот не прибави Одобрение за градење во предвидениот рок односно доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна за непочитување на роковите во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3% од вкупно постигнатата цена на јвното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.

Неисполнувањето на обврските предвидени во договорот по вина на купувачот, односно по паѓањето на купувачот во задоцнување со исполнување на обврската 3 (три) месеци последователно  претставува основ оттуѓувачот по три последователни месечни повици за извршување како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот односно да побара наплата на договорената казна што претставува и основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од оттуѓувањето не му се враќаат на купувачот.

20.Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за оттуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за оттуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. По исклучок дококлу сопственик на градежното земјиште е странско правно лице, градежното земјиште стекнато во постапка за оттуѓување по пат на јавно наддавање може да го пренесе во сопственост на домашно правно лице во кое странското правно лице мора да биде единствен сопственик се до моментот на исполнување на обврските од договорот за оттуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање

21.Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежно земјиште.

22.Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежно земјиште

23.Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар на недвижности паѓаат  на товар на купувачот на градежното земјиште

24.За текот на јавното наддавање учесниците имаат право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Приговорот се поднесува во писмена форма до комисијата која одлучува по приговорот со решение. Комисијата е должна да одлучи по приговорот во рок од 5 (пет) работни денови. Против решението донесено од страна на Комисијата странката има право да поднесе Жалба во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на Решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Оваа објава ќе биде објавена и на веб страната на Општина Чешиново-Облешево www.cesinovo-oblesevo.gov.mk

 

                                                                 Општина Чешиново-Облешево

                                                          Комисија за спроведување на постапки

                                                                         за јавно наддавање

 

 

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *