Изградба на потпорен ѕид во с.Соколарци

Во општина Чешиново-Облешево во тек се градежни активности за Изградба на потпорен ѕид покрај локалниот пат (во нас. место Соколарци, кај селскиот дол ) .
Оштетувањата на овој ѕид беа предизвикани како последица на обилните дождови и водотеци кои се случија во периодот од 12-14.03.2016 год., на територијата на општина Чешиново-Облешево кои предизвикаа оштетувања на локалниот пат во с.Соколарци и одрон на самото земјиште, Поради тоа неопходно беше да се изврши итна санација на оштетениот дел и со изградба на потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на патот кое предизвикуваше загрозено и небезбедно движење на луѓето.
Санирањето на штетите ќе се врши етапно. По изградбата на потпорниот ѕид на улица „1мај“ во близина на школото во с.Спанчево сега продолжуваме со изградба и санација на оштетувањата кои беа предизвикани во с.Соколарци.
Изградбата на овој потпорен ѕид е со должина од околу 50метри и широчина од 27см. Средставата за изградба се обезбедени од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево во вредност од 350.000,00 денари. Фирма изведувач на градежните активности е „Примаградба“ ДОО Штип.

13690677_572813109589295_5632614093660652397_n 13700186_572814439589162_4360352064670753319_n 13709754_572813119589294_7348940076728659974_n 13754142_572815242922415_3730075443454044895_n 13754322_572814582922481_242774317461782408_n 13769408_572814599589146_3239991853071703287_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *