ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани,
Синоќешното невреме и обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во домовите и земјоделските површини кај многу граѓани, од тие причини Ве информираме дека општина Чешиново-Облешево има формирано Комисија за проценка и утврдување на штети од елементарни непогоди.
Сите граѓани кои имаат да пријават штети потребно е да достават Пријава за направената штета, кон пријавата задолжително е да приложете копија од Имотен лист и копија од Лична карта.