„Здрава храна за детство без мана – 2016 година“
Денес учениците од Основното Училиште „Климент Охридски“ од Облешево ја промовираа кампањата „Здрава храна за детство без мана“. Во Спортската сала во Облешево беа изложени штандови со здрава храна на кои можеше да се виде и традиционална храна од ова подрачје.
Кампањата „Здрава храна за детство без мана“,во училиштата се спроведува како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во соработка со Министерството за образование и наука и здружението „ОХО“.