Започна Реконструкција на регионален пат Р2342,Новоселани-Тркање

Како дел од програмата на Јавното Претпријатие за Државни Патишта денес во општина Чешиново-Облешево започнаа градежните активностите за реконструкција на регионалниот пат Р2342 .
Со реконструкција односно со поставување на нова асфалтна маса е опфатен веќе постоечкиот пат кој е со должина од околу 12 километри започнуваќи од село Новоселани па се до с.Тркање.
После долги години конечно овој пат ќе биде реконструиран а со тоа значително ќе се подобри патната инфраструктура и ќе се обезбеди побезбеден сообраќај. Реконструкцијата на овој регионален пат е од особено значење за жителите на нашата општина бидејќи со оваа делница општина Чешиново-Облешево се поврзува со соседните општини, општина Кочани и Пробиштип .Фирма изведувач на градежите работи е „Ескаватори компани “ .

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *