Започна изградбата на мостот кај с.Соколарци

Posted By on June 15, 2016

Во општина Чешиново-Облешево денес започнати се подготвителните активности за изградбата на пропуст (мост) на регионалниот пат R2342 на влезот кај село Соколарци во близина на млечната индустрија „Осогово Милк“.
Изградбата на овој мост е дел од програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите финансирана од Европска унија и спроведена од страна на УНДП. Фирма изведувач која ќе ги врши работите е „ Жикол“ Струмица.
Изградбата на овој мост е од особено значење за жителите на с.Соколарци како и за околните населени места од нашата општината. Со изградба на овој мост ќе се реши еден долгогодишен проблем на жителите од ова населено место, бидејќи и при најмали врнежи овој пропуст немаше капацитет за да ја апсорбира надојдената вода и доаѓаше до негово излевање кое го отежнуваше движењето на сообраќајот по него.

13412965_560423264161613_4510579862409329365_n 13417522_560424187494854_5755148212307113006_n 13417553_560424400828166_8181514491482764718_n 13419034_560424210828185_4064330744522624029_n 13427942_560424497494823_8309046326424648907_n 13428585_560424670828139_1551429993208840661_n 13435568_560424700828136_5858881687089420457_n 13435581_560424524161487_1609921880543285468_n 13442327_560424194161520_5465580989649453073_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *