Завршена е изградбата на мост кај с.Соколарци

Posted By on October 5, 2016

По четири месечни градежни изведувачки работи, деновиве заврши изградбата на новиот мост (пропуст) на регионалниот пат Р2342 на влезот кај село Соколарци во близина на Млечната индустрија „Осогово Милк“. Изградбата на овој мост е дел од програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите финансирана од Европска унија и спроведена од страна на УНДП. Фирма изведувач која ги вршеше работите е „ Жикол“ Струмица.
Изградбата на овој мост е од особено значење за жителите на с.Соколарци како и за околните населени места од нашата општина. Со изградба на овој мост ќе се реши еден долгогодишен проблем на жителите од ова населено место, бидејќи и при најмали врнежи овој пропуст немаше капацитет за да ја апсорбира надојдената вода и доаѓаше до негово излевање кое го отежнуваше движењето на сообраќајот по него.

Паралелно со изградбата на новиот мост во с.Соколарци се работеше и на проширување и уредување на улицата на самиот влез која е дел од регионалниот пат Р2342. Извршено е поврзување и асфалтирање на улица во должина од околу 300 метри.
Со изградбата на мостот и асфалтирањето на улицата по која досега сообраќајот се одвиваше отежнато ќе биде решен еден од најзначајните проблеми за жителите на с.Соколарци. Со изградбата на овие два клучни проекти влезот на с.Соколарци ќе добие комплетно нов лик.

14469455_606006586269947_2101667427269002965_n14469693_606006639603275_3762813472816265466_n14449912_606006472936625_2972415214908425693_n 14568068_606006476269958_4353808533997077813_n 14595578_606006579603281_3497136036335542417_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *