Договор за Изградба на фекална канализација во с.Бања
Денес во просториите на општина Чешиново-Облешево, Градоначалникот Горанчо Крстев и Фирмата изведувач ДПУ„Коп-Инженеринг“ го потпишаа договорот за Изградба на фекална канализација во с.Бања.
Проектот е финансиран преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,односно обезбедени се вкупно 24.561.202,00 денари, и со негова изградба се очекува да се започне во текот на наредната недела.


