„Ден на штркот“ – 2018

Општина Чешиново-Облешево како дел од мрежата „Европско село на белиот штрк“ и оваа година традиционално го прослави „Денот на штркот“.
Шеста година по ред заедно со Македонското еколошко друштво и учениците од основните училишта и детските градинки од општината беше организирана богата програма која започна со промоција на новоизградената набљудувачница за птици кај с.Уларци и продолжи во паркот во с.Чешиново каде што учениците низ маски ,песни и игри го одбележаа Денот на штркот.
Градоначалникот Горанчо Крстев им посака срдечно добредојде на претставниците од Македонското еколошко друштво и Полската амбасада и во своето обраќање истакна : „ – Набљудувачницата за птици е дел од проектот “Влажни ливади и пасишта” во вредност од 5000€, финансиран од германската фондација Еуронатура со цел подобрување на локалните капацитети за рурален туризам. „
Исто така градоначалникот Крстев кажа дека Овој мал грант претставува само дел од низа идни инвестиции и активности кои ќе придонесат за развојот на туризмот преку користење на потенцијалот што произлегува од епитетот кој го носи општина Чешиново-Облешево- “ Европско село на штркот”.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *