„Ден на дрвото 2016“ во Општина Чешиново-Облешево
Како и секоја година така и оваа одбележан беше денот на дрвото во Општина Чешиново-Облешево. Општинската администрација заедно со градоначалникот Костадин Личков засадија дрвца пред општинската зграда. Акцијата се спроведе и во двете основни училишта ООУ „Климент Охридски“-Облешево и „Страшо Пинџур“-Соколарци, каде учениците заедно со нивните наставници засадуваа дрвца.