Велигденска хуманитарна акција

Во пресрет на големиот Христијански празник Велигден, градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстев во соработка со Општинаската организација на Црвен крст – Кочани , организираше хуманитарна акција за социјално најранливата категорија на граѓани од општината .
Денес поделивме вкупно 40 социјални пакети со храна во сите населени места од нашата општина. Со овој хуман гест се подигнува јавната свест за грижа кон оваа група на граѓани. Општина Чешиново-Облешево и јас како градоначалник и понатаму ќе организираме ваков вид на акции и во рамки на нашите можности како општина секогаш ќе се трудиме да им помогнеме на оваа група на граѓани.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *