Активности за изградба на патот Теранци-Кучичино

Posted By on March 16, 2017

Започнати се активностите за изградба на патот Теранци-Кучичино. Во моментот се врши порамнување и проширување на теренот онаму каде што е потребно. Должината на патот изнесува 3км. Овој патен правец е дел од регионалниот пат кој ги поврзува општините Чешиново-Облешево, Зрновци и Карбинци. Тој е од огромно значење за жителите на нашата општина. Со него ќе се намали сообраќајот кој се одвива по магистралниот пат А3 а воедно ќе се скратат и изминатите километри до соседните општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *