Агрометеоролошка станица за заштита на земјоделските култури и животната средина

Во Општина Чешиново-Облешево денеска беше инсталирана првата агрометеоролошка станица, која на земјоделците од регионот ќе им обезбедува податоци во реално време за актуелната временска состојба и за климатските промени.

Се работи за проект на Центарот за развој на Источниот плански регион кој е финансиран од страна на Швајцарска агенција за развој. Со поставувањето на агрометеоролошката станица ќе им се обезбедат информации на земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и да ги планираат сите агротехнички мерки што треба да ги преземаат во одреден период од годината.

Уредот што го содржи станицата ќе ги мери:

  • температурата и влажноста на воздухот,
  • брзината и правецот на ветерот,
  • количината на врнежи,
  • соларната радијација,
  • влажноста на листовите на растенијата,
  • температурата и влажноста на почвата.

Ќе биде изработена и веб платформа преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови.

Податоците од агрометеоролошката станица, преку бесплатна апликација на мобилен телефон или компјутер, ќе им бидат достапни и на сите граѓани, а новитет е што ќе се изготвуваат модели на биометеоролошките услови, кои врз основа на измерените параметри ќе даваат прогноза за појава и интензитет на полен, мигрена и реума.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *