Честитка од градоначалникот Костадин Личков по повод новогодишните и божиќните празници

Почитувани,

Ми претставува особена чест и задоволство од мое лично име, и од името на општинската администрација да ви ги честитам претстојните новогодишни и божиќни празници. Во изминатата година напорно работевме на реализација на повеќе проекти се со цел за подобри услови за живот во нашата општина. Во годината која што следи ќе продолжиме со реализација на зацртаните цели и решавање на проблемите на жителите. Секој нов решен проблем е подобро утро за сите нас. Подобро утро за Општина Чешиново-Облешево!
Во новата година ви посакувам да бидете здрави, радосни, весели, вредни и работливи. Да имате успеси и да се радувате на успесите на другите. Да почитувате, за да ве почитуваат. Да се радувате на секој успешен работен ден. Да помагате секогаш кога имате прилика. Да ширете слога, љубов и внимание во кругот на семејството. Да бидете среќни, вечни и бериќетни!
Среќни новогодишни и божиќни празници!

Со почит,
Општина Чешиново-Облешево
Градоначалник
Костадин Личков

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *