Формиран економски совет на Општина Чешиново-Облешево

Posted By on November 6, 2015

По иницијатива на Бизнис секторот на општина Чешиново-Облешево формирано е постојано работно тело „Економски Совет“ на општина Чешиново-Облешево
Економскиот Совет треба да ја подобри комуникацијата помеѓу бизнис секторот, општината и сите социјални партнери
Економскиот Совет ќе ги утврдува приоритетите за подобрување на бизнис климата. Со реализација на неопходните проекти треба да се намали и невработеноста на територија на општината.
За членови на Економскиот Совет на општина Чешиново-Облешево се избрани:
• Тоше Стојановски, претставник на фирмата Еуроконтрол
• Николчо Ѓоргиев, претставник на фирмата Мак Млин
• Трајче Сандев, претставник на фирмата Осогово Милк
• Даниел Коцев, претставник на фирмата Јани текс
• Герасим Јанев, претставник на фирмата Екстра фунги
• Мирјана Стоилова, претставник на фирмата Го Мил
• Сашо Савев, претставник на фирмата Дебони

Во постојното работно тело „Економски совет“ при општина Чешиново-Облешево како постојани членови се и Градоначалникот на општината и Претседателот на Советот на општина Чешиново-Облешево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *