Седницата на советот за развој на источен плански регион

Posted By on October 30, 2015

Денес 30.10.2015 год. (петок) со почеток од 13:00 часот во општина Чешиново –Облешево започна дваесеттата редовна седница на Советот за развој на Источен плански регион.
Денес Советот ќе работи по следниот дневен ред :

1. Усвојување на Записникот од (XIX) Седница на Советот за развој на Источен плански регион, одржана на ден 25.09.2015 година (петок) во општина Македонска Каменица;

2. Годишна листа на Предлог – Проекти за развој на Источен плански регион за 2016 година;

3. Презентација на финалната верзија на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 – 2024);

4. Примопредавање на инвестиционо-техничка документација за Изградба на патишта и паркиралишта во Спортско Рекреативен Туристички Центар Пониква;

5. Разно
– Барање за номинација на лица за присуство на обуки од областа на животната средина
– Доставување на документи за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Покрај градоначалниците од Источко планскиот регион на седницата присуствуваат и градоначалниците од другите плански региони , целта е да се разменат конструктивни мислења и идеии за подобрување на условите во планските региони.

12115642_481001908770416_9195593151190691654_n 12118719_481000892103851_7349685657511917305_n 12119027_481001408770466_6806417436958249076_n 12189892_481001278770479_7465961654838481087_n 12195901_481000882103852_3616330939793760384_n 12195992_481007095436564_8213726213852592690_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *