Работилница за изработка на мартинки
Во период од 29.02 до 01.03.2016г. , во основните училишта во општина Чешиново-Облешево се организираше работилница за изработка на Мартинки . Во работилницата учествуваа учениците од IV, V и VI одд. , од двете основни училишта ОУ„Климент Охридски“ Облешево и ОУ„Страшо Пинџур“ Соколарци. На самата работилница учениците се запознаа со приказната и народните верувања за мартинките а воедно со својата активност и своите изработки ја продолжија заборавената традиција за поклонување и носење на мартинки.