Програма за одбележување на 6-ти мај -„Ден на штркот“

Posted By on May 5, 2016

Општина Чешиново-Облешево во соработка со основните училишта и градинката организира одбележување на „Денот на штркот“ – 6-ти мај. Програмата започнува во 11:00 часот во „Паркот на штркот“ во Чешиново (доколку временскиите прилики се лоши манифестацијата ќе се одржи во салата во ОУ „Страшо Пинџур“-с.Соколарци.

ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ШТРКОТ:

11:00-11:15 Настап на училишен хор, музички настап на ученици од IV и V одделение, настап на деца од ЈОУДГ „Ѕвездички“

11:15-11:30 Избор на најдобрите творби по распишаниот литературен конкурс ниво на училиштата ООУ „Страшо Пинџур“-с.Соколарци, ООУ „Климент Охридски“-с.Облешево, и ООУ „Кирил и Методиј“-с.Стајковци.

11:30-11:45 Презентација на новото лого на ООУ „Страшо Пинџур“ – с.Соколарци

11:45-12:15 Изведба на драмска претстава „Силјан Штркот“ од ученици од ООУ „Страшо Пинџур“-с.Соколарци

12:15-13:15 Ликовна изложба по распишан ликовен конкурс на ниво на училиштата ООУ „Страшо Пинџур“-с.Соколарци, ООУ „Климент Охридски“-с.Облешево, и ООУ „Кирил и Методиј“-с.Стајковци.

Работилница за изработка на сувенири и декорации во форма на штрк.

Изложба на традиционална храна.

12919634_1126804314037154_7390702252758461125_n 12932730_1126805784037007_772798231596134611_n 12961556_1126804317370487_313751692865877772_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *