Поставување на сообраќајна сигнализација

Деновиве во општина Чешиново- Облешево се работи на одржување и поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација на магистралниотпат А3 кој минува низ с.Облешево. Поставени се сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот по главната улица а исто така се прави и регулација на сообраќајот на пристапните патишта кај основното училиште „Климен Охридски“ како и кај Општинската зграда во Облешево. Во однос на хоризонталната сигнализација,обележани се пешачки премини како и автобуските постројки кои исто така се соодветно обележани и со вертикална сигнализација.Со спроведување на оваа активност значително ќе се подобри непречено одвивање на сообраќајот низ населено место Облешево а со обележувањето на пешачките премини кај основното училиште ќе се зголеми и безбедноста на децата при поминување на улицата.

13307449_554064031464203_4660650210272544761_n 13315556_554064084797531_6945851459133923101_n 13315653_554064071464199_7436282418275163820_n 13315690_554068481463758_1326867545006198042_n 13315697_554064254797514_5231212361718351007_n 13315814_554064224797517_6287918903692623908_n 13325452_554068471463759_5852791724542950387_n 13325587_554063814797558_2948143212664248609_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *