Одлука за изборни плакати

Posted By on May 5, 2016

Одлука за изборни плакати

Одлука бр.08-873/1

од 03.05.2016 година

Согласно член 78 став 5 од Изборниот законик („Службен весник на Р.Македонија бр.( 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 195/16 и 35/16  ), општините се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати, најдоцна 50 дена пред одржувањето на изборите.

Почитувајќи ја законската обврска, општина Чешиново-Облешево ја објавува Одлуката за утврдување на местата за истакнување на изборни плакати на подрачјето на Општина Чешиново-Облешево, донесена од Советот на општината на ден  26.04.2016 година година.

 

Врз основа на член 78 и 79 од Изборниот Законик (Службен весник на Република Македонија бр. 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 195/16 и 35/16 ), Советот на општина Чешиново-Облешево на седницата одржана на ден 26.04.2016 година ја донесе следната:

 

О Д Л У К А

за одредување на локации за истакнување на изборни плакати

 

1.Изборните плакати е дозволено да се истакнуваат на огласните табли во сите населени места во општината, без надоместок.

2.Дозволено е истакнување на изборни плакати на приватни објекти само по претходна согласност на сопствениците на тие објекти.

3.На билбордите поставени на територија на општината е дозволено поставување на изборни плакати, со надоместок.

4.На јавни институции, школи, болници и слично е забрането истакнување на изборни плакати.

5.Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите кадешто се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.

6.По завршување на изборите, партиите се должни да ги отстранат изборните плакати.

7.Одлуката влегува во сила со денот на донесување а ќе се објави во Службен Гласник на општина Чешиново-Облешево.

cesinovo_oblesevo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *