Набавка на градежни материјали сукцесивно, за период од една година

Posted By on May 31, 2016

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

ЗА НАБАВКА НА

градежни  материјали  сукцесивно, за период од една година

Облешево,април 2016 год.

Инструкции за понудувачите

-Договорен орган

Договорен орган е Општина Чешиново-Облешево, со адреса ул.„Маршал Тито„ бб Облешево, телефон за контакт:078,351-770;033,351-770;електронска адреса:info@cesinovo-oblesevo.gov.mk; контакт лице: Љијанка Андонова.

  1. Предмет на договорот за јавна набавка

1.1.Предмет на договорот за јавна набавка е: Набавка на  градежни материјали  сукцесивно, за период од една година.

Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.

1.2. Предметот на договорот е недделив. Економскиот оператор во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови, во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.За доделувањето на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk)

  1. Начин на испорака на стоките

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на следниов начин : Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача по претходно доставена нарачка од Договорниот орган , во просториите на  општина Чешиново-Облешево .

Набавката ќе биде сукцесивна по потреба на договорниот орган.

– ДО го задржува правото  Договорот да не го реализира во целост туку во зависност од потребите и сукцесивно.

  1. Разлики во цена (корекција на цени)

Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

  1. Рок на испорака на стоките

Носителот на набавката е должен да ги испорача стоките  предмет на договорот во рок од  1 (еден) ден  од извршената порачка за конкретна количина потпишана од одговорното лице, после склучување на договорот за јавна набавка.

Сите понуди кои предвидуваат подолг рок од предвидениот ќе  се отфрлат како неприфатливи.

  1. Начин на плаќање

Начин на плаќање е 60 дена по доставување на фактура и испратница, уредно потпишани за извршен прием на стоките.

Плаќање ќе се врши исклучиво за стоки кои се порачани и набавени.

  1. .КРИТЕРИУМИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ

6.1 Лична состојба

Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:

  • на кој во последните пет години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
  • на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
  • кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
  • кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
  • кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:

  • изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
  • потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
  • потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

Изјавата на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари, ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.

Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, и дека  не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност,  ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.

Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.

Потврдата за економскиот оператор дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.

Горенаведените документи не смеат да бидат постари од шест месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава горенаведените документи, или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.

6.2 Способност за вршење на професионална дејност

За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот.

  1. Изготвување и поднесување на понудите

7.1. Изјава за сериозност на понудата

Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.

7.2. Начин на изготвување на понудата

Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација. Понудата мора да ги содржи сите елементи кои се предвидени во образецот на понуда во прилог на оваа тендерска документација. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластеното лице на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.

Понудувачот поднесува вкупна цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.

7.3. Елементи на понудата

Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:

  • Пополнет образец на понуда ,
  • Пополнета техничка спецификација
  • Пополнет образец на изјава за сериозност на понудата
  • Пополнет образец на изјава за исполнување на критериумите за лична способност,
  • Пополнет образец на изјава за независна понуда
  • Доказ за регистрирана дејност,

7.4. Период на важност на понудата

Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од  тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

7.5. Затворање на понудата

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:

  • е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
  • го содржи бројот на огласот,
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отворај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.

7.6. Принцип на една понуда

Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.

7.7 Краен рок и место за поднесување на понудите

Краен рок за поднесување на понудите е 10.06.2016 година во 12.00 часот.

Понудите се поднесуваат на адреса :Општина Чешиново-Облешево, ул.„Маршал Тито“ бб Облешево.

7.8. Отворање и евалуација на понудите

Отворање на понудите  е јавно, а  ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација: седиште на општината во Облешево.

Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди. Во случај кога е поднесена само една понуда или има само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН.

  1. Критериум за доделување на договорот

8.1.Критериум за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за јавна набавка е:

Најниска цена

8.2.Доколку две понуди имаат иста понудена цена, ќе биде изберена понудата која е прва пристигната.

8.3 Понудената  единечна цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без ДДВ кој се искажува посебно, а вкупната цена  на понудата треба да го вклучува збирот на сите  единечни  цени без ДДВ .

  1. Електронска аукција

9.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.

9.2. Подетални информации за електронската аукција:

Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.

Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.

Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на адресата за е-пошта на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.

Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди ; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).

По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).

  1. 1 Известување на понудувачите

Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за јавна набавка со барање за прибирање на понуди ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за јавна набавка, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  1. Правна заштита

Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.

12. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка

12.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

12.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *