Канцеларија на агенцијата за вработување во општина Чешиново-Облешево

Се известуваат сите жители на Општина Чешиново-Облешево дека во просториите на општината се наоѓа дисперзираната канцеларија на Агенцијата за вработување. Канцеларијата ќе работи секој ден од понеделник до петок со работно време 08:00 – 16:00. Жителите ќе можат да добиваат услуги како заверка на картончиња и сл. Секој вторник во месеците јануари, февруари и март со почеток од 10 часот ќе се одржуваат и отворени денови на Агенцијата за вработување на Р.Македонија со невработените лица од Општина Чешиново-Облешево како и со правните субјекти со седиште на територијата на Општина Чешиново-Облешево. Целта на овие отворени денови е презентирање на активните мерки и политики за вработување односно оперативниот план за 2016 година.

DSC_13481 DSC_13491

 

 

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *